
Текст за обелоденување
Известување за заштита на личните податоци
Текст за обелоденување
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Со членот 10 од Законот за заштита на личните податоци („KVKK“), под наслов „Обврска за информирање на контролорот на личните податоци“, на Фондацијата „Јунус Емре“, како контролор на личните податоци, ѝ се утврдува обврска да ги информира субјектите на личните податоци за адресата и податоците на контролорот, целите за кои се обработуваат личните податоци, лицата на кои може да им се пренесат обработените лични податоци и целите на таквиот пренос, начинот и правната основа за собирање на личните податоци, како и за правата што субјектот на личните податоци може да ги оствари во однос на контролорот, а кои се предвидени во членот 11 од Законот за заштита на личните податоци („KVKK“).
Ова Известување е подготвено во согласност со Законот за заштита на личните податоци („KVKK“) и релевантните законски прописи, со цел информирање на субјектите на личните податоци и запознавање со нивните права.
Идентитет на контролорот на личните податоци
Контролор на личните податоци: Фондацијата „Јунус Емре“, со седиште на адреса: Анафарталар Махалеси, булевар „Ататурк“ бр. 11, Алтиндаг / Анкара.
Цели на обработката на личните податоци
Вашите лични податоци може да се обработуваат за следните цели:
- Спроведување промотивни активности со цел нашите партнери и целните групи да ги користат услугите што спаѓаат во делокругот на дејноста на Фондацијата.
- Информирање за евентуални промени во областите на дејствување и активностите на Фондацијата.
- Спроведување процени и аналитички истражувања во врска со партнерите и целните групи, во рамките на законски утврдените ограничувања.
- Спроведување истражувања и анализи, вклучително и анкети за мерење на задоволството од понудените услуги кај целните групи кои учествуваат во активностите на Фондацијата, како и во активностите што се реализираат во соработка со партнерите.
- Прибирање информации за промените и случувањата поврзани со партнерите и целните групи во однос на понудените услуги, како и изготвување и ажурирање извештаи за успешноста и ефикасноста.
- Решавање на поплаките во врска со услугите од страна на партнерите ангажирани во активностите и целните групи кои учествуваат во нив, како и постапување по барањата за пристап до личните податоци или нивна исправка.
- Следење и спроведување на правните постапки, како и постапките за комуникација со другите надлежни институции.
- Утврдување и спроведување на деловните стратегии на Фондацијата.
- Планирање на процесите за информациска безбедност, воспоставување и управување со инфраструктурата на информатичките технологии.
- Одржување на односите на Фондацијата со партнерите и целните групи, како и следење на активностите поврзани со корпоративното управување.
- Спроведување финансиски, сметководствени и финансиски операции, вклучително и фактурирање за услугите што спаѓаат во делокругот на дејноста на Фондацијата, како и управување со ризиците.
Пренос на лични податоци на трети лица
Вашите лични податоци, со цел остварување на горенаведените цели, може да бидат споделени и пренесени, во рамките на условите и целите за обработка на личните податоци утврдени во членовите 8 и 9 од Законот за заштита на личните податоци („KVKK“), на нашите добавувачи во земјата, особено на институциите со кои Фондацијата „Јунус Емре“ остварува директна или индиректна соработка за обезбедување услуги, како и на логистички компании, компании за организација на настани, дигитални агенции, даватели на услуги во контакт-центри, ревизорски компании, банки, финансиски институции, консултантски компании од кои се добива стручна поддршка во области како што се правото и даноците, осигурителни компании, како и на трети лица во земјата од кои се користат надворешни услуги во областите на складирање, архивирање, поддршка за информатички технологии (сервери, хостинг, софтверски програми, cloud computing), безбедност, контакт-центри, продажба и маркетинг, како и на надлежните јавни институции и правни и физички лица овластени со закон.
Начин и правна основа за собирање лични податоци
Вашите лични податоци ги обработува Фондацијата „Јунус Емре“ преку различни канали, како што се формулари за пријавување, формулари за регистрација и контакт на веб-страниците, формулари за претплата на електронски билтени, колачиња (cookies), како и формулари за вработување. Обработката се врши врз основа на соодветните интернет-страници и различни правни основи, со цел Фондацијата „Јунус Емре“ да може непречено да ги извршува своите активности, во согласност со начелата и постапките утврдени со Законот за заштита на личните податоци (KVKK) и другите релевантни прописи. Податоците се обработуваат од правни основи неопходни за остварување на целите наведени во ова Известување за обработка на личните податоци, како и за исполнување на нашите законски обврски.
Пристап до личните податоци и вашите права согласно Законот за заштита на личните податоци (KVKK)
Согласно членот 11 од Законот за заштита на личните податоци („KVKK“), имате право да поднесете барање до Фондацијата „Јунус Емре“ и да добиете информации за тоа дали се обработуваат Вашите лични податоци и, доколку се обработуваат, да побарате информации во врска со нивната обработка; да дознаете за целта на обработката на Вашите лични податоци и дали тие се користат во согласност со таа цел; да ги дознаете третите лица во земјата на кои им се пренесени Вашите лични податоци; да побарате исправка на Вашите лични податоци доколку се нецелосни или неточни и да побарате за преземените дејствија во врска со исправката да бидат известени и третите лица на кои им биле пренесени податоците; да побарате бришење или уништување на Вашите лични податоци доколку престанале да постојат причините поради кои тие се обработувале, во согласност со начелата за целта, рокот и законитоста на обработката, како и да побарате за преземените дејствија да бидат известени и третите лица на кои им биле пренесени податоците; да поднесете приговор доколку, како резултат на анализа на Вашите лични податоци исклучиво преку автоматизирани системи, биде донесена одлука што е на Ваша штета; како и да побарате надомест на штета доколку претрпите штета поради незаконска обработка на Вашите лични податоци. Во оваа смисла, Вашето барање во врска со горенаведените права... iletisim@yee.org.tr Можете да го доставите на нашата адреса на електронска пошта, потпишано со квалификуван електронски потпис, или лично да го предадете во форма на писмено барање со своерачен потпис, приложувајќи документи со кои се потврдува Вашиот идентитет. Барањето може да го испратите и преку нотар.
Фондацијата „Јунус Емре“ ќе одговори на Вашите барања во врска со остварувањето на Вашите права, во најкус можен рок, во зависност од природата на барањето, а најдоцна во рок од 30 (триесет) работни дена. Особено сакаме да нагласиме дека, во случаите кога Вашите лични податоци се обработуваат врз основа на изречна согласност, доколку ја повлечете дадената согласност, ќе бидете исклучени од членството/програмата за лојалност за чие функционирање е неопходна обработката заснована на таа согласност, а од датумот на повлекување на согласноста повеќе нема да можете да ги користите поволностите што сте ги остварувале врз основа на таквата обработка.
Потребно е Вашето барање да биде составено во писмена форма, јасно и разбирливо, со свој рачен потпис и со приложени документи со кои се потврдуваат Вашиот идентитет и адреса, и да го доставите лично, по пошта или преку нотар на следната адреса: Фондација „Јунус Емре“ Анафарталар Махалеси, булевар „Ататурк“ бр. 11, Алтиндаг / Анкара.
За измените во законската регулатива и нашите практики во врска со личните податоци можете во секое време да се информирате преку соодветната страница на нашата веб-страница.